Веќе 125 години, по крвавите работнички протести во американската метропола Чикаго, синдикатите го користат 1. мај како ден за протест и празник во борбата за поголеми примања и поголеми права на вработените во светот. Во Германија долго време политичарите се противеа на 1. мај како празник и токму националсоцијалистите го прогласија за Ден на трудот.


radnik

По Втората светска војна Германскиот синдикален сојуз постојано го користеше за започнување кампањи за подобрување на работните услови. На пример, кон средината на педесеттите години на минатиот век, кога синдикатите сакаа кај работодавачите да се изборат за петдневна работна недела. Тоа и им успеа, а останува незаборавен тогашниот слоган: „Во саботите тато ми припаѓа мене!“

Но, германските синдикати ретко имаа мото за 1. мај со толку пробивно дејство, колку тој слоган. Овојпат Германскиот синдикален совет за 1. мај прогласи: „Иднината на работата ја креираме ние!“. Како да не. Тоа повеќе звучи како пуста желба да се добие назад нешто, што се чини дека одамна е загубено.

Синдикатите ја доживуваат истата судбина како и христијанските цркви и спортските друштва: им бега членството, нема подмладок, жените честопати се недоволно застапени. Така, не е чудо што синдикатите постојано се жалат дека Денот на трудот се’ повеќе се користи за опуштање в кафеана и скара во природа, а одвај уште и за демонстрации на улиците за повеќе работнички права.0,,17040254_303,00

Синдикатите во Германија речиси цела деценија поминаа во борба за зачувување на работните места и го ставија обезбедувањето на работните места пред желбата за покачување на платите. Тие практикуваа скромност, која би била поподобна за други евро-земји, а како резултат на тоа некогашниот болен стана локомотива на Европа.

Тоа беше добро и правилно, придонесе за намалување на трошоците по единица производ, како што тоа го означуваат економистите. Па сепак, јас стравувам дека иднината на трудот не ја креираат синдикатите. Иднината на работата во развиените индустриски нации како Германија или Јапонија побргу е под белегот на демографскиот развој и на се’ поизразеното стареење на општеството.

повеќе  на DW

Слични содржини