Главната команда на вооружените сили на Сирија им даде ултиматум на учесниците во вооружениот конфликт крај Дамаск, источно од Алепо и во Дера да се откажат од воените дејствија. Целта е нормализација на животот во земјата, објави РИА Новости.

20160214.vfnixemfaz
Повикот доаѓа неколку часа по одржаниот телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Барак Обама, во кој тие отворено разговараа за ситуацијата во Сирија и ја забележаа потребата од прекинот на огнот. Во објавениот од Дамаск документ се вели: “Командата на сириската армија повикува секој кој носи оружје во областите на Дера, Источна Гута (крај Дамаск) и источно од Алепо да го забрзаат процесот на разоружување за регулирање на ситуацијата и враќање во нормален живот” – се вели во соопштението на сириската команда.

Саудиска Арабија: Русија залудно се обидува да го спаси Асад

Претходно стана познато дека минимум еден шиитски одред, кој пред војуваше во Сирија со поддршка на САД помина на страната на владините сили. Информацијата е на News Rambler Agency, која се повикува на The Daily Beast. Станува збор за бригадата “Организацијата на Бадри”, која се појави пред неколку години за борба против режимот на Садам Хусеин во Ирак. Сега еден одред од Бадри војува со терористите од “Исламска држава” заедно со армијата на Башар Асад, руските ВКС и иранските воени сили. Шиитите од овој одред помогнале при нападот во Алепо.
Според податоците на ОН од март 2011 година во граѓанската војна Сирија загинале 220 илјади луѓе.

Слични содржини