Зоран Заев вчера  во кабинетот на шефот на државата му ги предаде 67-те пратенички потписи кои се доказ дека СДСМ има обезбедено мнозинство во Парламентот врз основа на што претседателот Ѓорѓе Иванов треба да го додели мандатот за формирање влада. Очекувањата  се тоа да се случи денеска , или евентуално утре

Сега сите чекаат на Иванов да го направи вистинскиот чекор, во поглед на брзо решавање на состојбите, и зачувување на безбедноста и стабилностса на државата, како што порача и самиот тој.

 

„Овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот во Македонија. Очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање нова влада за граѓаните на Република Македонија. Истовремено, ја користам можноста да испратам порака до сите граѓани, но и до институциите на државата, дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија“, рече Заев.

Неофицијално, Иванов на средбата најавил дека деновиве  ќе му го додели мандатот на Заев по што тој ќе има рок од 20 дена до Собранието да ја достави програмата на идната влада како и нејзиниот состав.Но тоа треба да се случи за да почнат роковите.

Во потписите што ги предаде Заев се оние на 5-те пратеници на БЕСА, тројцата на Алијансата за Албанците и 10-те пратеници на ДУИ. Партијата на Ахмети се` уште не донела формална одлука дали ќе биде дел од владата предводена од СДСМ или само ќе и` даде парламентарна поддршка, откако социјалдемократите и ДУИ ги затворија проблематичните прашања како она за употребата на албанскиот јазик.

Никола Груевски кој за истите работи преговараше со Ахмети, по неуспехот да договори соработка, порача дека унитарноста на државата е нападната и дека, како што кажа, народот треба да ја одбрани, и го повика истиот да излезе на улици.

Оваа опасна игра ја препозна меѓународната заедница и истовремено со повиците на Груевски за сенародно излегување на улиците во заштита на државата ако Заев дошол на власт, па  речиси во исто време реагираше и евро комесарот Јоханес  ХАН, а со соопштение излезе и ген сек на НАТО Јенс Столтенберг .
НАТО директно предупреди   дека очекува да се додели мандатот за формирање влада и ги повика сите страни на воздржаност во изјавите и во дејствата и да донесуваат одлуки во корист на граѓаните.

Со сличен став излезе и еврокомесарот Хан. Тој рече дека очекува претседателот да го даде мандатот за формирање нова влада и додаде дека промените во демократските општества се природни и треба да бидат прифатени, кога се резултат на веродостојни избори.

Апел синоќа упатија  и  од Американста амбасада во Скопје кои многу директно порачаа:

„Се согласуваме со ставовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, за формирањето влада. Сите партии треба да ги почитуваат демократските процеси и институции и да се фокусираат на нивната заедничка заложба – да се спроведат клучните реформи. Само на тој начин Македонија ќе напреднува во своите стратешки цели за членство во НАТО и во Европската Унија, нешто што САД одамна го поддржуваат.

Сепак негативната енергија  која е страотно пристутна на социјалните мрежи  се повеќе се пренесува и на улиците. За воља на вистината тука во хушкачка атмосфера сериозно приедонесуваат и провладините телевизии, кои ја дезинформираат јавноста и хушкачки повикуваат на сенароден отпор за наводно загорозените национални интереси на Македонија, до колку се направи влада на СДСМ , криејќи се зад двојазичноста кантонизација и продавање име, кое воопшто не  е ни тема на разговори ниту пред партиите , ниту пред преговарачите и меѓународните медијатори за Македонија.

Иако и провладините и самиот Никола Груевски вели дека не  е најсигурен што договориле Заев и Ахмети, и што ќе значи таа двојазичност, сепак  демек сите знаат  дека се тоа е зло и  против Македонија, и го  билдаат  тој страв .

Вчера излезе информација дека она за што сега се бунтува Груевски, било прифатено претходно од неговата партија во преговорите од ДУИ и дека законот за јазиците всушност бил преземен од нивните предлози.Нема демант дали е или не е така.

Како и да е тој  негативен набој веќе предизвика повеќе демолирања на локални седишта на СДСМ, кршење на  локали каде се собираат опозиционери , како и графити по куки на некои антивладини активисти.

Синоќа се оддржа и втор собир за оваа недела каде како организатори се јавува Граѓанската иницијатива  покрената од актери и интелелктуалци и провладини граѓански асоцијации.

Тие  се собираат  на  повикот за заштита на Македонија под мотото „Црвената линија ја поминавте, црвено-жолтата  – не“.

Протестот синоќа беше  мирен со жестоки пораки за бунт.  Го  предводеа оперскиот пејач и директор на операта Игор Дурловски,организаторот  Борис Дамовски , актерот Владо Јовановски и други познати  на јавноста личности со провладина провиненција.

– Јас сум овде затоа што станува збор за мојата татковина, затоа што станува збор за зачувување и одбрана на унитарноста на Република Македонија и пред се на македонскиот јазик кој е корен за нашиот опстанок и идентитет. Ова е можеби само почеток, овие луѓе што овде се собрани имаат јуначко срце затоа што татковината не се брани со продажба на државните интереси туку со душа срце и љубов, рече познатиот актер Јовановски.

Тие во своите заклучоци   посочија дека Македонија има три Илиндени – 1903, 1944 и 1991 година и дека дошло време да го обзнанат четвртиот Илинден, поради актуелната загорозеност на државата. Политичките тензии се пренесуваат и на улиците – за денеска, се најавени нови протести во повеќе градови во Македонија, со најава дека тие ќе бидат секојдневни и нема да запрат додека политичарите не ветат дека нема да ја распродаваат Македонија за сопствени интереси.

Слични содржини