Огромна медиумска интерес на прес конференцијата во седиштетео на СДСМ . 25 камери и бројни новинарски екипи од земјата и странство. Ви ги пренесуваме целосно сите  прашања и одговри од пресот

DSC_0261 (1)

. П1: Господине Заев дали имате материјали само за власта?

 

Еве јас бев внатре, претседателот на опозицијата. Ги кажав во текстот од пресот. Таргет биле преку 20 илјади граѓани. Мета на прислушување биле преку 20 илјади граѓани. Овде секако е цела опозиција, пред сé, првенците на опозицијата, но и нивните блиски луѓе. Овде се новинарите, овде се бизнисмените, овде се невладините организации и граѓанскиот сектор, овде се МАНУ, овде е Светиот Синод, Исламска верска заедница, судство… заборавив некој? Сé што е општествено, само нема телефонски разговор помеѓу Сашо Мијалков и Никла Груевски. Но кога Протугер го бара, на Латас разговорот е снимен. Но кога се прават кривични дела на поединци, разговорите се снимени и оставиле трага. Власта е таа којашто апсолутно го има поклопено овој наш општествен систем сиве овие 9 години, со своето најсилно оружје. Еве денеска ќе ги принудиме да заминат. Ги има сите коишто се општествено важни луѓе во општеството. Жално е што има многу обични граѓани коишто ниту се повикани, ниту се општествено должни и одговорни пред граѓаните. И тие се внатре во разговорите.

 

П2: Кои се ваши следни чекори?

 

Продолжуваме чекор по чекор, внимателно следете нé, да не ви давам одговор како на Груевски за странски служби. Заради сензитивноста на процесот, заради внимателноста и сериозноста на ова што се случува во нашата земја, заради органичениот медиумски простор за опозицијата, ќе одиме внимателно, чекор по чекор. Не беше никој пат важно кога Заев ќе ги објави доказите, важно беше која цел ќе се постигне со овие докази. Целта е слобода и демократија за Македонија. Таа е единствената цел.

 

П3: Сакам да дознаам, дали има освен тонски материјали и видео материјали?

 

Процесот ќе продолжи, ве молам внимателно да следите, сé што имаме како докази, ќе објавиме. Сé што имаме ќе објавиме.

 

П4: Имаше шпекулации дека имате прислушувања за физички ликвидации?

 

Се што имаме докази ќе објавиме, ништо нема да оставиме.

 

П5: Се зборуваше дека тие бомби можат да допринесат за немири во државата, меѓуетнички, граѓанска војна итн.. Колку сте свесни за ова, во случај да е навистина така и дали навистина може да има нешто такво?

 

Ќе ви дадам одговор со што ќе добиете и одговор на вашата намена на прашањето коешто го поставувате. Како што гледате, 11 разговори денеска соопштуваме, 11 во 50-те папки ќе бидат поделени до вас, а поднесени се илјадници разговори и ќе се поднесуваат. Еве денеска повеќе од 300 мои, сите транскрипти на опозицијата се поднесени. Прво, сите овие, повеќе од 20 илјади граѓани биле мета долг период . Сé што се криминали, сé што е законско недозволиво, а го има во материјалите, ќе го објавиме. Но, сите разговори нема да ги објавиме од причина што овие луѓе биле мета цел период. Зарем да продолжат да бидат мета на ветрометрина на коментари на сите.   Гледате колку е болно кога е снимена мојата ќерка во разговор со нејзиниот татко. Значи, има внатре сé. Нашата намера е да го товориме патот на нашата Макеоднија кон европските вредности. Да ја вратиме слободата и демократијата. Нема да дозволиме со овој процес да ги уништиме шансите за добра иднина на нашата земја. За тоа постоиме. За тоа сме денеска исправени пред вас и храбро и решитело ги чекориме овие чекори. Се надеваме, меѓудругото, дека овој процес, целиот, покрај враќањето на слободата и демократијата во Македонија и враќање на европските вредности во Република Македонија, ќе биде ветер во грб на нашата земја за многу значајни прашања коишто до денес се пречка за идниот наш економски прогрес, за идниот наш евроатлански прогрес. Се надеваме дека ќе бидат, на крајот на денот, од полза на државата, а не да ја вратат неколку чекори наназад.

 

П6: Кога велите власта, мислите само на функционери од ВМРО-ДПМНЕ или мислите и на ДУИ?

 

Власта е составена од повеќе политички субјекти. Знаете дека има и од помали политички партии коишто се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Должност е и затоа сме денеска на првиот чекор вака исправени. Се што е криминал и незаконско спроведена активност, а со овие снимки се потврдува како доказ да го објавиме. Должност е по Устав и по Закон на секој граѓанин, на претседателот на опозицијата, на сите нас овде, уште е поголем моралниот и етичкиот осврт на должноста за објавување. Тоа значи `се што има незаконско и криминално дејствие, ќе биде објавено.

 

П7: Господине Заев велите дека кривична пријава поднесувате против Никола Груевски и Сашо Мијалков, директно ги прозвавте за криминал и незаконско прислушување. Каква реакција очекувате од власта и од Јавното обвинителство, велите дека ќе ја поздравите, очекувате ли истрага?

Кривичната пријава е поднесена против Сашо Мијалков, Горан Груевски началник на 5-татa управа, НН лица кои работат во државните тајни служби. Потенцирам дека за оние кои се охрабриле и одважиле ќе бараме со самата пријава користење на т.н Whistle blowers, во нашиот закон е предвиден само во тој член 151 став 5 од Кривичниот законик. Прво очекуваме дека сепак постои тронка надеж, како што овие луѓе од УБК беа храбри и од обвинителството ќе се јават храбри луѓе. Сите заедно сме камче од мозаикот наречен Македонија. Јас до крај не губам надеж во кој било граѓанин во нашата земја, така и во Јавното обвинителство. Јавно неколку пати наназад соопштивме, ние немаме верба во правосудниот систем на нашата земја, но истовремено заради таа надеж испратив  порака, ќе бидат херои на новото време. Ќе симнам капа јавно само ако ја почитуваат законитоста и уставноста во постапката на предметот којшто е отворен против мене и неколку луѓе кои се во притвор и на предметите коишто од денеска ние почнуваме да ги поднесуваме како кривични пријави.

 

П8: Господине Заев каква реакција очекувате од власта?

 

Реакцијата ја гледаме сите овие денови наназад. Сиве овие денови тврдат дека се странски служби, а продолжуваат да апсат луѓе од полицијата. Зошто од полицијата, а не некој странец, ако бил овде?  И втора работа. По закон се одговара ако се даваат материјали на странски служби, а не ако тие му давале материјали на Заев.  Но небулозите се познати  сиве овие години и после со целиот окупиран систем се обидуваат да манипулираат. Во некој од следните чекори ќе ви кажам конкретно, што очекувам од Никола Груевски и лидершипот на оваа Влада.

 

П9: Дали можеби ви ги обезбедија и наредбите за прислушување?

 

Вие сакате денеска се да одговориме. Кога излегуваме вака храбро дека не е ниту Заев, ниту Верушевски, ниту поединец, ниту група, ниту странски служби и велиме домашната државна служба, претпоставувате дека имаме конкретни силни докази дека тоа е токму од УБК И 5-тата Управа каде што се води прислушувањето.

 

П10: Претседателот Иванов бил прислушуван?

 

Ако внимателно ме следевте, сите општествено важни личности освен Никола Груевски и Сашо Мијалков. А ако тој за вас не е доволно влијателна општествена личност тогаш не знам. Сите се мета на власта.

Јас овде ќе го завршам овој прес од страна на опозицијата, сакам да ја испратам пораката и до луѓето коишто овде дошле како поддржувачи најверојатно радувајќи се дека ќе ја вратиме слободата и демократијата. Денеска не објавивме нешто ново или непознато. Денеска го направивме само првиот чекор за да се знаат некои работи во државата. Ова е пресериозна работа. Ниту треба ловорики, ниту треба посебно да се гордееме со оваа работа. Ова е жална вест за нашата Македонија. И не би биле сериозни и пред нашиот народ и пред сите коишто очекуваат да бидеме предводници на народот во враќање на слободата и демократијата, ако несериозно се однесуваме. Пресериозна работа е ова, товарот го носам на плеќи 5-6 месеци, денеска почнувам да се растоваррувам од овој багаж. Но мора Македонија да добие шанса со овој процес којшто денеска го отворивме. Господ да е со нас и нашата Македонија. Ви благодарам.

 

 

Слични содржини