Потписниците на Повелбата за солидарност, по повод Меѓународниот ден на работничката борба – Први мај,  денеска напладне организираат протест за социјална правда и работнички права. Протестот започнува точно напладне од споменикот на предвоени синдикати.

први мај

Од овде од симболот на солидарноста, за да не го заборавиме, ќе го почнеме нашиот протест за да покажеме дека солидарноста и автентичниот синдикализам не се од сега, туку имаат традиција, порачаа синдикалците.

1 мај

Протестот  закажан за 1 мај, утре во 12 часот ќе тргне од пред  Споменикот на солидарноста (кај автобуската постојка спроти Олимписки базен), ќе продолжи пред Собранието, Министерството за труд и социјална политика и ќе заврши пред Владата.

– Први мај е ден за отпор, а не ден за одмор, најмалку ден за скара !  На овој ден како работници треба да протестираме бидејќи ни се погазени достоинството и правата. Овој ден им припаѓа на сите работници и затоа ги повикувам и оние кои в петок бидејќи добиле таква владина директива, а присуствуваат на дефилето на ССМ, да дојдат со нас и да го покажат незадоволството против тој и таков притисок  порачуваат синдилалците на Повелбата  за Солидарност.

НЕ бидете опуштени за да не бидете отпуштени е мотото на годинашниот протест на обединетите синдикати и движења, ССНМ, УПОЗ, КСОМ, СКРМ, МЕСО, Синдикатот на Дипломатите, движењата  СОЛИДАРНОС и ЛЕНКА, кои ги повикуваат сите граѓани во борба за социјална правда.

 

Слични содржини