Жителите на Општина Центар денеска се изјаснуваат на референдумот за Градскиот трговски центар. Со „ЗА„ и „ПРОТИВ“ одговараат на референдумското прашање: Дали сте за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ? Се гласа од 07:00 – 19:00 часот на истите гласачки места, како што се гласа на парламентарни, локални и претседателски избори. А се гласа на 78 избрирачки места на територијата на Општина Центар.

GTC_201361422144

За да биде успешен референдумот треба на гласање да излезат 21.781 избирач, а за да се сочува автентичнито изглед на ГТЦ треба повеќе од половина од нив да одговорат со „ЗА“ на референдумот.
GTC-barok-4x3

Во 19 часот гласачкото место се затвора, а оние гласачи кои се затекнале на гласачкото место им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите запишани во избирачкиот список може да се затвори и пред 19 часот, но не се почнува со броење на гласовите пред истекот на рокто предвиден за траење на гласањето.

Државната изборна Комисија претходно соопшти дека се регистрирани 43. 560 гласачи во избирачкиот список, што е за околу 750 гласачи повеќе од последните организирани избори. Од ДИК велат дека останува нерешен проблемот со гласачите од Пустец. Претседателот Никола Рилковски рече дека не се знае точната бројка на овие гласачи и дека се потребни подобри услови за да се реши овој проблем.

Референдумот во Општина Центар ќе го надгледуваат 597 набљудувачи, а меѓу нив покрај ДИК се и набљудувачите од МОСТ, Цивил, ОБСЕ и други  невладини организации.

Граѓанската асоцијација МОСТ со 111 статични набљудувачи и 4 мобилни тимови ќе го следи процес на гласање за референдумското прашање за ГТЦ во Општина Центар. Од МОСТ потсетуваат дека нивните набљудувачи се оние со претпознатливиот белег – жолти маици, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано „Мониторинг 2015“. Од Граѓанската асоцијација повикаа на фер и слободен референдум.

„Оние што ќе гласаат да се произнесат по своја сопствена волја „за“ или „против“ референдумското прашање. Посочуваме дека сите засегати страни треба да демонстрираат почитување на демократските вредности, особено што во овој случај се работи за референдум – најважниот облик на непосредна или директна демократија“, изјавија од МОСТ на вчерашната прес конференција.

И „Цивил“ бара да се почитува слободната волја на граѓаните и да се почитуваат демократските стандарди кои ги налага една ваква демократска процедура.

Поради референдумот, Министерството за внатрешни работи денеска  од 7 до 19 часот ќе работи на издавање лични карти.

Слични содржини