Сослушан сведок, расправа за „Маѓар Телеком“ одложена за 10 јули

од Vladimir Zorba

На главната расправа на судењето за случајот „Маѓар Телеком“, во кој обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се товарат за злоупотреба на службената положба, денеска беше сослушан еден сведок, по што беше одложена за 10 јули, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

Обвинетите поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“ кои држеа клучни позиции во Македонски телеком се шест години недостапни за органите на прогонот.

За следното продолжување на главната расправа на 10 јули ќе бидат испратени покани за другите предложени сведоци, извести судот./META

Слични содржини