Спасовски: МВР ќе гарантира дека изборите ќе бидат фер и демократски, граѓаните ќе одлучуваат по своја волја

од desk3

Спасовски: МВР ќе гарантира дека изборите ќе бидат фер и демократски, граѓаните ќе одлучуваат по своја волја

 

Македонското општество има капацитет да спроведе фер и демократски избори, а МВР ќе го даде целиот свој придонес за граѓаните без притисоци, самостојно, да ја донесат одлуката кому ќе му го дадат својот глас, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на општина Куманово. Министерот Спасовски заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбр Адеми и амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние денеска ја посетија општина Кумнаово,  каде имаа средба со градоначалникот Зоран Дамјановски.

-Овде во Куманово, во градот што претставува Македонија во мало, разговараме за иднината и на општината, но и на Република Македонија. Ова е многу сензитивен период за државата, период во кој сите ние, не само декларативно, мора да одработиме суштински во воспоставувањето на услови за фер и демократски избори и да овозможиме граѓаните на Република Македонија самостојно, без притисоци, да ја донесат одлуката на престојните избори на 11 декември. Граѓаните имаат сериозна можност да донесат вистинска одлука на 11 декември . Министерството за внатрешни работи ги направи сите можни активности кои што ќе значат гаранција за фер и демократски, кредибилен изборен процес и самиот ден на изборите и очекувам дека 11 декември ќе биде денот на кој ќе се случат вистински промени на подобро за иднината на оваа држава- рече министерот Спасовски.

Слични содржини