Српската премиерка Ана Брнабиќ, која престојува во дводневна работна посета на Бугарија, денеска ќе се сретне со бугарскиот колега Бојко Борисов со кого ќе разговара за унапредување на билатералната соработка.

Како што соопшти прес-службата на српската Влада, акцент во разговорите ќе биде ставен на понатамошен развој на економските односи на двете земји.

По состанокот со Борисов, Брнабиќ ќе учествува на меѓународна конференција „Посилни регионални интеграции на Балканот“, заедно со македонскиот премиер  Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вецпремиерот и министер за трговија на БиХ Мирко Шаровиќ, како и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Слични содржини