Хеликоптер на Војската на Србија, кој превезувал бебе старо пет дена од Нови Пазар кон Белград, се урна синоќа во близина на белградскиот аеродром, јави Танјуг.

DSC_0064

Хеликоптерот од типот Ми-17 требало да го пренесе тешко болното бебе на Институтот за мајка и дета во Белград. Според неофицијални податоци, во хеликоптерот имало седум лица.

Српското Министерство за одбрана претпладнево соопшти дека хеликоптерот се урнал на поширокото подрачје на аеродромот во Сурчин.

Засега нема информации за судбината на членовите на екипажот и патниците на хеликоптерот, но според Министертсвоот, се претпоставува дека нема преживеани.

Според Б92, поради лошите временски услови и маглата, хеликоптерот синоќа околку 22 часот не успеал да слета на аеродромот во Белград. По ова тој некое време кружел над Белград во обид да најде погодно место за слетување, по што околу 22:30 часот исчезнал од радарите./МИА

Слични содржини