Стапија во сила законските измени за неделна откупна цена на земјоделските производи, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуноски, по неговата посета на откупните центри во Струмичко.

Трипуноски посочи дека овие измени треба да бидат од корист и за земјоделците и за откупувачите.

zemjodelskiproizvodi

– Ние по претходни сугестии со земјоделците околу варирањето на откупната цена пристапивме кон законски измени за да го решиме овој проблем. Соодветната законска измена откако ги помина филтрите, од вчера излезе и во Службен весник на РМ. Ние како инспекторат, постојано ќе сме на терен да ги следиме состојбите во оваа насока, рече Трипуноски.

Тој објасни дека врз основа на законските измени, откупувачите мора да објавуваат неделни цени.

– Врз основа на законот, откупувачите мора да ја истакнуваат неделната цена за одреден земјоделски производ. Ако денес на пример цената на откуп на лубеница изнесува 6 денари по килограм, таа не смее да се менува во наредните седум дена. Тоа е најниската загарантирана неделна откупна цена, рече Трупуноски.

Додаде дека засега можно е да се случуваат одредени отстапки од минималната откупна цена, но дека нивната тенденција е тоа да се санкционира согласно законите. Трипуноски, кој посети откупен пунк на лубеница во село Мокрино во општина Ново Село, рече дека засега енма проблем со откупот на бостанот, кој моментално се продава по 6 денари од килограм.

И откупувачите велат дека со законските измени на минимална откупна цена ќе се стави ред во продажбата на земјоделските производи и според нив, ги содржело пазарните економски принципи.

– Не ми пречат неделните цени. За нас е подобро да има неделни цени, зошто даваме понуда на таа цена, понудата ќе биде подеднакво за сите и ќе ги купиме оние производи кои го задоволуваат бараниот квалитет, вели Мирчо Делев, откупувач.

Слични содржини