Стејт департмент: Напредок меѓу САД и Русија за Сирија

од Vladimir Zorba

 

САД остваруваат напредок во преговорите со Русија околу тоа како да се постигне прекин на непријателството во Сирија, но нема да се согласат на ништо помалку од јасен пат кон остварување на целта, соопшти Стејт департментот.state-department

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер првобитно изјави дека САД нема да прифатат ништо помалку од идеална спогодба.

Подоцна меѓутоа прецизираше дека на Вашингтон му е потребен јасен напредок во постигнување на прекинот на непријателството за да се постигне спогодба за Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија и САД направиле уште еден чекор во дијалогот за Сирија и оти дошло до „одредени приближување“, истакнувајќи дека е можно договорот да биде постигнат за неколку дена.

Слични содржини