“НАТО се уште не донел одлука за учеството во справувањето со миграциската криза во Средоземното Море. Дискусијата продолжува “, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по првиот ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите од НАТО.

столтенбергПретходно Германија и Турција предложија организацијата да се вклучи во контролата на сообраќајот на мигранти во Средоземното Море. “НАТО, се разбира, ги сослушува земјите-членки на Алијансата. Дебатата е во тек и би било избрзано да зборувам за тоа сега. Располагаме со можности за тоа, но како и под кои услови може да ги користиме, се уште не е договорено” , објасни Столтенберг.

Се што Грција ќе пропушти кај мигрантите ќе се ревидира на нашата граница, извештај на ЕК

Во исто време  еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос се изјасни против учеството на НАТО во борбата против шверцот. “НАТО дефинира својата улога и акција според еден единствен елемент – елементот закана. Гледаш закана тука?”, Изјави комесарот, според кого и Грција и Италија имаат систем за одбрана, кој можат да го користат. Според него кризата со бегалците мора да се реши со “европски пристап”. “Ние зборуваме за европскиот одговор, европско решение. во овој момент учеството на НАТО во него не е на дневен ред”, изјави Аврамопулос. Во понеделникот германскиот канцелар Ангела Меркел за време на посетата на Турција, изјави дека Берлин и Анкара се стремат кон тоа Северноатлантската алијанса да се вклучи во борбата против нелегалното транспорт на бегалци и следењето на поморската граница меѓу Грција и Турција.

На вчерашната  средба министрите за одбрана на НАТО одобрија ново зајакнување на позицијата на Алијансата во Источна Европа. Алијансата ќе го  зголеми  за четири пати финансирањето на операциите во Источна Европа. “Станува збор за мултинационални ротирачки сили кои одржуваат учења и можат да добиваат поддршка”, рече Столтенберг. Точниот број на новите војници на НАТО во Источна Европа ќе биде определен во пролет. “НАТО веќе распореди шест штаба во Источна Европа и два нови ќе бидат распоредени до крајот на годината”, изјави генералниот секретар. “НАТО ќе распореди во Источна Европа толку сили колку ќе  најде за потребно. Тие ќе се мултинационални што нагласува дека напад врз сојузник е напад врз сите земји од НАТО”, истакна тој. Според него, причина за сите овие напори се “решителни дејствија на Русија, која не се колеба да употреби сила за да ги промени границите на Европа или да им  се заканува на своите соседи”.

Слични содржини