Доналд Трамп е неконвенционален републиканец и неговите приврзаници сметаат дека атрактивноста за гласачите од работничката класа може да открие нови можности пред партијата на изборите во ноември, истакнува во анализата во петокот агенција ДПА.

Доналд Трамп ја изгради својата кампања врз поддршката на белите избирачи од работничката класа и се надева дека неговата популарност меѓу оваа социјална група ќе му ја освои претседателската функција на изборите во ноември.

fbe82c6d32cda8051f223ab8884d2ef8

Неговата позиција против трговските договори и неговите ветувања да ги врати работните места назад во САД изгледа се посебно насочени кон регионот, кој се протега од западниот дел на државата Њујорк во Мичиген и покрај големите езера, каде работните места во индустријата се намалуваат во последните децении.

Републиканците на конгресот на десн-оцентристичката партија во Кливленд, Охајо, кој исто така е дел од т.н. р’ѓосан зона, сметаат дека Трамп го има она што е потребно за успех во овој регион.

Тие сметаат дека тој може да го победи дури и во држави како Пенсилванија, која не гласала за републикански кандидат за претседател од 1988 година, кога беше избран Џорџ Буш постариот. “Има многу симпатии кон Доналд Трамп во Пенсилванија, бидејќи тој е различен кандидат”, вели делегатката Керолајн Велш пред ДПА.

Конгресменот Глен Томпсон исто гледа сериозна можност Трамп да победи во Пенсилванија по успешното претставување на првичните избори таму. Трамп им се допаѓа на избирачите од рѓосаната зона, вклучувајќи ги и членовите на синдикатите, рударите, работниците од гасната индустрија и други, кои се “одбиени од либералните демократи на Хилари Клинтон”, истакна Томпсон.

Студија на универзитетот во Куинипиак објавена минатата недела, покажа дека Трамп има минимална предност пред Хилари Клинтон во Пенсилванија, а исто така дека двајцата се со израмнети позиции во соседната клучна контроверзна држава Охајо. Вебсајтот “Риал Клиар Политикс” сепак ги споредува резултатите од последните анкети и дава мала предност на Клинтон во овие држави.

Брегзит води до зголемување на цените на недвижностите во Велика Британија

Гувернерот на Индијана Мајк Пенс даде израз на овие вредности на средниот запад, кога ја прими номинацијата за претседателски кандидат (во тандем со Трамп) во средата. Тој рече дека Трамп ги има симпатиите на многу гласачи кои традиционално гласаат за демократите.

“Токму нашата партија и нашата програма ќе ги отворат вратите за сите Американци кон успех и просперитет”, изјави Пенс, истакнувајќи дека Демократската партија ги напуштила оние кои некогаш ги заштитувала.

Републиканската активистка од Охајо Кети Ејган рече дека Трамп може да победи во Охајо и дека веќе добива поддршка од реони на државата, кои традиционално гласаат за демократите. Во првичните избори во државата учествуваа 150 000 нови републикански избирачи и партијата ќе вложи напори тие да излезат да гласаат и во ноември, рече таа.

Непопуларноста на Трамп меѓу гласачите од малцинствата сепак значи дека тој ќе мора да победи со поголем дел од белите избирачи отколку претходните републикански кандидати што успевале да соберат, изјавија изборните аналитичари Кајл Кондик и Џеф Скели од Универзитетот во Вирџинија. Тие освен тоа забележаа дека Трамп има проблем со образованите бели гласачи.

“Можеби патот кон победата за Трамп поминува низ” повеќе белите ” од Средниот Запад. Нема сепак никаква индикација за било какви особени симпатии кон него по овие места”, вели Кондик. Тој исто така, истакна дека никој републиканец не ја заработил Белата куќа без поддршка на Охајо, а Скели додава дека “Пенсилванија е нешто кон што републиканците секогаш подадваат рака, но никогаш не успеваат да фатат доволно цврсто”.

Делегатката Велш сепак се надева дека овој пат работите ќе бидат различни. “Сега имаме различно движење и Доналд Трамп е човекот зад ова движење”, рече таа и посочи на новите гласачи кои “не знаат што згрешила Америка, но знаат дека работите не се во ред”.

Друг пенсилванец, Еш Кхаре, имигрант од Индија и поддржувач на Трамп, се согласува со неа, додавајќи дека републиканците во неговиот состав во огромно мнозинство го поддржуваат Трамп, кој “ги напипа реалните проблеми пред оваа земја”. “Ќе ја исчистам куќата. Најдобрите денови на САД се пред нас”, уверен е тој.

Слични содржини