Во најновиот извештај на Советот на Европа земјите членки се повикуваат да го користат притворот како последно средство при процесуирањето на обвиненијата. Европскиот комитет за превенција од тортура, исто така ги повика сите 47 земји-членки на Советот на Европа да обезбедат за затворениците посоодветни услови, пишува Макфакс.

Според извештајот на Комитетот пренатрупаноста во затворите е заеднички проблем низ цела Европа, а една од причините за тоа се големиот број на затвореници кои чекаат судски постапки во затворите.Затоа, Комитетот бара од земјите да користат алтернативни методи во предистражна постапка, како кауција, куќен притвор, одземање на пасошите или електронски и судски надзор.

Во извештајот има дел и за Македонија во кој, освен генералната оценка за притворот, стои дека во затворот во Идризово наишле на голем број обвинувања дека притворените се намерно се малтретираат од страна на персоналот, дека има насилство меѓу самите затвореници и дека условите за притвор во некои делови од овој затвор се „нечовечки и деградирачки“.

На затворениците, според извештјот, не им се нудела никаква активност и 22 часа или повече поминувале во келиите.Како целосно неприфатлива се опишува и состојбата во центарот за малолетни во Велес бидејќи имало наоди за нивно физичко малтретирање. Слична оценка има и за центарот за прием на странци во Гази Баба каде што лицата сместени таму се жалеле на постојан лош третман, а освен тоа тој бил толку пренатрупан со луѓе, вклучувајќи и жени и деца, што доби исто така оценка нехуман/Макфакс

Слични содржини