Студентите во текот на ноќта ја продолжија  окупација на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје во знак на револт од владините реформи во високото образование и измените со кои овој Закон се става во едногодишно мирување. Законот за одложување вчера беше донесен во парламентот.

10962020_10155170586450368_973052044_n-540x360

Студентскиот пленум бара да се потпише спогодба меѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа: загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи. Студентите велат дека окупацијата нема да престане се дури надлежните не ги исполнат нивните барања. Најавено е денеска окупацијата да се прошири и на Техничките факултети, а проширување на активностите најавија и битолските студенти.

plenumci(1)

Со вреќи за спиење и ќебиња 100 на студенти ја поминаа првата вечер  во ослободениот Филолошки Факултет, велат за сега не недостига ништо. Во аулата на Филолошки факултет, се служеа  топли напитоци, храна и овошје, а Пленумот има организирано и редари кои под будно око го следат текот на окупацијата.

Окупацијата на Универзитетот претставува одговор на студентите на понудата на премиерот Никола Груевски измените во Законот за високо образование да ги стави во двегодишно мирување,  и бараат изготвување на целосно нов закон.

Слични содржини