Судот поништи незаконски одлуки на Советот на обвинители- 30 обвинители мора да останат на работа

од desk3

Граѓанскиот суд во Скопје ја поништи одлуката на Советот на јавни обвинители од јуни оваа година како незаконита, па сега, Петар Аневски доколку не врати 11 обвинители на кои не им е продолжен работниот однос и не одговори позитивно на уште 20-тина барања, се соочува со казни, информира порталот Сведок.

tn1_20161024_142926_petar-anevski-670x399

Советот на обвинители, со одлука број 02-137/4 од 15.06.2016 принудно пензионира 11 обвинители од Јавното обвинителство на Македонија, од Вишото обвинителство во Скопје, од обвинителствата во Ресен, Тетово.., одбивајќи да им го продолжи работниот век до 67 години, како што е предвидено во Законот за работни односи.

Во изминатите 2-3 години, Советот носеше решенија за работа на обвинителите до 67 години, но во јуни оваа година, со една одлука, одбиени се барањата на обвинителите за продолжување на работата до 67 години, со што, автоматски тие стануваат пензионери.

Сметајќи дека ваквата одлука е незаконска и самоволна, обвинителите поднеле тужби, за што веќе има и одлука.

-Се поништува Одлуката на Советот на обвинители како незаконита- е одлуката на граѓанскиот суд, кој му наложува на Советот да исплати околу 45 илјади трошоци во постапката по тужба на само еден тужител. За 11 тужби, Советот би требало да плати боколу 500.000 денари за судски трошоци поради донесена незаконска одлука.

Судот смета дека со Законот за пензиско и инвалидско осигурување не се определуваат правата на вработените во врска со прекинот на вработувањето поради возраст, бидејќи тоа право се уредува исклучиво со Законот за работни односи или друг закон.

-Според судот, имајќи го во вид фактот дека со Законот за јавно обвинителство поинаку не е уредено ова прашање, односно не е утврдена возраст за престанок на вработувањето, Советот на јавни обвинители не можел да се повика и да ја примени одредбата од членот 18 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На ваков начин, законот е применет на штета на обвинителите-тужители. Ова посебно што Советот се повикал на одредба од Законот за јавно обвинителство, која со одлука на Уставен суд од јануари 2009 година е укината и не е во примена-наведува судот во својата образложена пресуда.

(…)

Покрај 11-те обвинители за кои е укината одлуката, пред Советот чекаат на продолжување барања и на уште 20-тина обвинители кои наредната година би требало да заминат во пензија според сегашното толкување на Советот.

(…)

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини