Светот слеп за бруталностите и убиствата во Бразил

од Vladimir Zorba

Многу повеќе луѓе се убиени во Бразил во изминатите четири години отколку во истиот период во војната во Сирија.

Според податоци на невладината организација Бразилски форум за јавна безбедност, во 2015 година во Бразил се убиени 58.383 што значи дека во просек по околу 160 убиени на ден или по еден убиен на секои 9 минути.
untitled-article-1467907324

Во периодот 2011-105 година во Бразил биле убиени 278.839 луѓе.Според податоци, во Сирија во тој период се убиени 256.124 луѓе.Органзиацијата објави и податоци за полициска бруталност во Бразил. Во просек околу 9 луѓе убиваат полицајците дневно. Во 2015 година, 3.345 луѓе биле убиени од полицијата. Минатата година биле убиени и 393 полицајци од кои 103 при извршување службена должност./МИА

Слични содржини