Политичката криза во државава и обвинувањата на опозицијата, изнесени преку „бомбите“ за голема корупција на највисоките функционери и изборни измами, секој ден наоѓа свое место и во странските медиуми. Последната „бомба“ поврзана со наводна корупција преку големите агенции се пренесе во медиумите од Америка до Азија. Агенцијата АФП својот извештај го наслови: „Македонскиот премиер обвинет дека зел мито од 22 милиони долари“. Во подолгиот извештај се пренесуваат зборовите на лидерот на опозицијата Зоран Заев дека „ова е еден од најголемите корупциски скандали не само во нашата земја туку и во целиот регион“. Во текстот се потсетува дека Заев веќе побарал од Никола Груевски да поднесе оставка, да се формира привремена влада која ќе организира „фер и демократски“ предвремени избори. Исто така, се нагласува дека двете најголеми партии во понеделник треба да почнат преговори во Брисел за решавање на кризата, пренесеУтрински.

545443434343-540x522 (1)

Агенција Асошиетед прес, во една подолга анализа под наслов: „Македонците поделени околу обвинувањата за прислушување“, ја претставува вкупната ситуација во државава.

„Прислушувани телефони, заговори за државен удар и тајни странски агенти. Ова се само неколкуте чудни аспекти на скандалот што ја зафати Македонија како бура и ги допре највисоките нивоа на Владата. Речиси неделните обелоденувања и тврдења за прислушувани разговори испреде мрежа на шокираност и фасцинираност кај обичните Македонци, удирајќи ја политиката на оваа балканска земја и остро поделувајќи го општеството. Аферата предизвика предупредувања од страна на Европската унија, која ја одмерува кандидатурата за членство на Македонија повеќе од една деценија. Додека дебатата ги исполнува социјалните медиуми, луѓето од двете страни ги делат поддржувачите и противниците на ’патриоти‘ или ’предавници‘.

Во центарот на скандалот се тврдењата од страна на шефот на опозициската партија Социјалдемократски сојуз, Зоран Заев, дека премиерот Никола Груевски нелегално наредил прислушување на 20.000 луѓе. Меѓу наводните жртви има полицајци, судии, новинари, странски амбасадори, верски лидери, па дури и сопствените блиски соработници на премиерот и министри. Груевски, кој е на власт од 2006 година, налутено ги отфрла обвинувањата. Тој го обвинува Заев за учество во заговор за државен удар, спроведен од се’ уште неименувани странски шпионски агенции кои сакаат да ја соборат неговата конзервативна влада“, пишува Асошиетед прес. Текстот го пренесоа и највлијателните американски весници „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“. Во него се изнесуваат тврдењата на Заев: „Ние сме заложници во нашата земја, каде што нема правда, нема полиција и не постои (политички) систем. Се’ е наложено и оркестрирано од страна на мала група, од семејството на Никола Груевски“. Како и одговорот на премиерот Груевски дека нема намера да прифати предвремени избори: „Ако тој (Заев) губи, сака сите да загубат со него“.

Слични содржини