Техеран ќе може да се врати на нуклеарните активности, ако Западот се повлече од договорот што треба да биде финализиран во јуни. Тоа го изјави вчера во телевизиско интервју иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, цитиран од американските медиуми.

TEH

Зариф, кој е и главен преговарач на земјата за нуклеарното прашање, рече во ток-шоуто на иранската државна телевизија дека Техеран има моќ да преземе “соодветни мерки” и “ќе може да се врати” кон нуклеарната програма на претходните нивоа, ако другата страна не го испочитува договорот.

Според неговите зборови, Рамковниот договор за нуклеарното прашање, што Иран и шестте светски сили го објавија во четвртокот во Швајцарија, нема да има задолжителен карактер, додека не се изработи финален документ до крајниот рок 30 јуни. Според Зариф ако биде финализиран, договорот ќе ги поништи сите резолуции на Советот за безбедност на ОН против иранската нуклеарна програма и ќе доведе до укинување на санкциите на САД и Европската унија.

Асошиејтед прес забележува дека изјавата на Зариф е насочено кон тврдокорните струи во Иран, кои силно се противат на рамковниот договор, опишувајќи го како добар за Западот и катастрофа за нивната земја. Агенцијата додава дека и покрај критиките на екстремистите договорот беше поддржан од иранската елита во поголемиот дел, вклучувајќи и од претседателот Хасан Рохан.

Според зборовите на Зариф Иран е “ангажиран” кон исполнување на својот дел од било каков финален договор, под услов ако западните земји ги исполнат своите ветувања.

Во телевизиското интервју Зариф “приговара” против тоа дека државниот секретар на САД Џон Кери го користел терминот “замрзнување” наместо “прекин” во врска со санкциите против Иран во изјавата по повод договорот од четвртокот. Дипломат број еден на Техеран ги смета овие дејствија на американскиот колега како обид за задушување на споровите меѓу администрацијата на претседателот Обама и Конгресот во однос на договорот.

Според Зариф договорот покажува дека Западот не може да ја запре иранската нуклеарна програма, за која Иран тврди дека е за мирољубиви цели , односно за производство на електрична енергија и лекување на рак. Западните земји се сомневаат дека програмата има воено димензија. Без да именува ниедна земја, Зариф ги увери соседите на Иран, како Саудиска Арабија, кои стравуваат од нуклеарните амбиции на неговата земја дека Техеран не бара регионална доминација и нуклеарно оружје.

Слични содржини