Томи Хилфигер го избра Лондон за своето прво шоу надвор од САД

од Vladimir Zorba

Дизајнерот Томи Хилфигер денеска ќе ја претстави својата прва модна изложба надвор од САД, затворајќи ја Лондонската модна недела. Тој ќе прикаже колекција инспирирана од британската музичка сцена. 66-годишниот американски дизајнер, шеф на модната империја, кој минатата година продаде 6,6 милијарди долари, го избра Roundhouse како сцена за неговата уметност.

Ова е местото каде што настапувале легендите како што се Џими Хендрикс, Пинк Флојд и Дејвид Боуви. Изборот потсетува на раната работа на Хилфигер, која најде инспирација во британскиот главен град.

“Почнав да доаѓам во Лондон кога бев тинејџер, бидејќи сакав да го истражам целиот мој живот и бев опседнат со мода, сакав да видам што се случува таму”, изјави тој за АФП. Дизајнерот ги наоѓал како муза британските музичари од тој период – като „Битлс“, Лед Цепелин“, „Д Ху“, Ерик Клептон и „Смол Фејсис“ и други.

Слични содржини