Кога Клаудија Шифeр зборува за убавина, сите треба задолжително да молчиме.79227a723bac1dec1bb7aae2ecbe6ab4

Не за друго, туку затоа што тоа е жената која старее најубаво уште од 80-тите години – времето во кое сите сакаа да личат на неа и ја издигнаа како идол.

Кога најголемите нејзини тајни за убавината се ништо посебно, но не и очекувани, уште позадолжително е да ги слушаме.

Денес ви ги претставуваме топ 3 на советите за убавина на Клаудија Шифер.

1. Како да имаме сексапилна фризура без производ?

“Јас сум од типот жени кои сакаат да си ја задржат косата пуштена, но не сакам да биде премногу стилизирана, затоа запирам со фенирање, кога е речиси влажна и ја оставам да се исуши сама. Тоа ја прави жива и не толку совршен. Покрај тоа, кога немате производ за стилизирање, најлесниот начин да додадете волумен во косата е да ја исчешлате со главата надолу и потоа да ги притиснете корените со преса за коса, за да го “запечатите” кренатиот ефект. Функционира како магија “, вели Клаудија Шифер.

2. Германската тајна за сјајна и здрава коса

“Тоа не е научно докажано и не можам да го заштитам, но некои луѓе велат дека пиењето на пиво ја прави косата сјајна и силна. Мојот начин е со користење на серуми за коса, но и малку пиво не може да наштети “, раскажува супермоделот.

3. Убава кожа на лицето … со машки производ

Не е тајна дека многу мажи ги користат женските производи од козметичката торбичка, но ете, Клаудија Шифер е претставник на спротивен метод. Супермоделот вели дека омилениот производ ѝ е балсам за лице … за мажи. Го користи барем два или три пати неделно, а потоа нанесува маска за да ја зголеми влажноста.