Тотенхем убедлив на гостувањето кај Лестер

од Vladimir Zorba

 – Фудбалерите на Тотенхем синоќа постигнаа убедлива победа на гостувањето кај Лестер со 6:1 во заостанатиот натпревар од 34.коло од Премиер лигата. Тотенхем до триумфот стигна со четирите голови на Хари Кејн (25, 63, 88 и 90+2 минута) и со двата гола на Сон Хеунг-Мин (36 и 71). Стрелец на голот за Лестер беше Бен Чилвел (59) што беше негов прв гол во дресот на Лестер.

Со головите постигнати на синоќешниот дуел Хари Кејн изби на првото место на листата на стрелците во Премиер лигата со 26 голови, пред Ромелу Лукаку со 24 и Алексис Санчез со 23.

Тотенхем со триумфот се зацврсти на второто место со 83 бодови, додека Лестер е на 11.место со 43 бодови.

Во последното коло кое се игра во недела од 16 часот ќе се решава само прашањето за кои екипи ќе бидат пласирани на третото и четвртото место, а во конкуренција се Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал.

Табела: Челзи 90 бодови (првак), Тотенхем 83, Манчестер Сити 75, Ливерпул 73, Арсенал 72, Манчестер Јунајтед 66, Евертон 61, ..

Слични содржини