Трамп: Имам право да споделувам информации со Русија

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп, дендеска потврди дека на својот минатонеделен разговор во Белата куќа со рускиот министер за надорешни работи, Сергеј Лавров, разменил информации за „тероризмот и за безбедноста во авионскиот сообраќај“.

На својот налог на Твитер, Трамп ги отфрли обвинувањата дека направил безбедносен пропуст и дека во текот на разговорот открил строго доверливи информации.

„Имам апсолутно право да споделувам информации со Русија“, напиша Трамп на Твитер, оправдувајќи ја својата постапка со намерата да ја натера Москва да направи повеќе во борбата против Исламска држава (ИД).

Според неговото објаснување, на таквиот чекор се решил, како што вели, од хуманитарни причини и од желбата Русија поефикасно да се вкучи во борбата со ИД и со тероризмот.

Изјавата на Трамп е прва негова реакција на пишувањето на „Вашингтон Пост“ за пропустите на претседателот со кои на Русите им открива „работи што тие (Русите) ќе можат да откријат кој е изворот на сознанијата на САД, кои Американците ги добиваат од земја сојузник, но ги сметале за толку доверливи, што досега ги немале споделено со другите свои сојузници“.

Написот на весникот, како и на „Њујорк Тајмс“, предизвика бранувања во американската политичка јавност. Демократите во Сенатот ја осудуваат таквата постапка на претседателот, додека неговите републиканци побараа дополнителни објаснувања за тоа што се случило на разговорот на Трамп со Лавров.

Слични содржини