Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД Доналд Трамп и прикачи нов прекар на противничката од Демократската партија Хилари Клинтон и ја нарече “скапана” (rotten).

donald-trump-hilary-clinton-243988-500x334
Во говорот пред своите приврзаници во градот Роанок во Вирџинија, Трамп изјави дека Клинтон намерно не го користи своето второ има Родам (Rodham), бидејќи звучи како “ротен” – гнил, скапан.

“Зошто таа бега од него? Хилари Родам Клинтон, нели? Можеби затоа што е премногу блиска до вистината “, праша реторички Трамп.

Досега Трамп нарекуваше Хилари искривена (crooked). Во јуни милијардерот пушти и сајт “Десетте легендарни лаги на Клинтон”

Слични содржини