Трамп потпиша две исклучително важни заповеди

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД даде “зеленосветло” за преродба на два нафтовода.


Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша одлуки за обновување на изградбата на два контроверзни нафтоводота, но рече дека проектите ќе бидат предмет на повторни преговори, пренесе AFP.
Трамп дава “зелено светло” за нафтоводот Keystone XL, кој ќе пренесува сурова нафта од Канада до американски рафинерии во Мексиканскиот залив, и на нафтоводот кој ќе поминува низ Северна Дакота.

Но, Трам посочува дека и условите и роковите за двата проекта ќе бидат договорени.

“Тоа е предмет на договорните услови, од наша страна. Ние ќе ги предоговориме некои од условите и ако се допаднат, ќе видиме дали можеме да го градиме овој нафтовод “, рече тој.

Слични содржини