Турската полиција уапси денеска шест лица, за кои се претпоставува дека се борци на џихадистичката група Исламска држава, при операција во градот Измир.

Двајца од приведените се сириски државјани.

Утврдено е дека џихадистите планирале утре да извршат терористички напад во Измир.

Антитерористичката операција е спроведена по наредба на јавното обвинителство во Измир. При претрес на домовите и квартовите на осомничените биле одземени многу документи на ИД.

Слични содржини