donald-tusk
Европската унија треба да избегнува „драматични пораки“ доколку Грците гласаат со „не“ на утрешниот референдум. Евентуално „не“ ниту ќе ја затвори вратата на еврозоната за Атина, ниту ќе значи крај на преговорите, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Тој сепак предупреди дека негативен исход од референдумот за спасувачкиот план на доверителите на Грција „сигурно ќе го намали просторот за преговори за опстанок на финансискиот систем на земјата“.

– Европската унија е во потрага по начини да ја задржи Грција во еврозоната, но тоа може ќе треба да значи да се навикнеме да живееме со банкротирана земја како членка на еврозоната, рече Туск додавајќи дека е могу јасно оти референдумот не е „ дали да се биде во еврозоната или не“. /МИА

Слични содржини