77
Украдени се 880.000 денари од фирма во Гевгелија, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.
Според полицијата, непознат сторител ја извршил кражбата во ДПТУ-„Ветеринар“ на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија во периодот од 19 часот завчера до 11 часот.
Крадецот ја исекол металната ограда со која бил ограден целиот објект и заштитната мрежа, по што отворил прозорец од канцеларија, влегол внатре и со погоден алат отворил метален сеф од кој одзел 6.500 евра, 2.000 долари и околу 400.000 денари во разни апоени.
Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки за пронаоѓање на сторителот.