godisna-pres-konferencija-na-ustaven-3

Се чини дека Претседателката на Уставниот суд-Елена Гошева ,не гледа телевизија и не следи интернет портали. Иако “Шарената револуција” јавно му даде рок на Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО најдоцна до 18.06.2016 год., на дневниот ред за 22.06.2016 год. кој го прави лично Претседателката на судот, нема точка на дневен ред за СЈО.

dneven
Ако Уставниот суд не поведе постапка, демонстрантите од Шарената револуција се заканија дека власта ќе ја земат во свои раце, неоткривајќи што ќе значи тоа.
Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО беше првото барање на “Шарената револуција.” Второто барање е запирање на прогонот врз демонстрантит, да се ослободат сите приведени и повлекување на сите кривични пријави од МВР за учество во протестите.
Третото барање е оставка од Владата на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ и формирање на преодна влада, како и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО.
Четвртот барање е оставка од претседателот Иванов.

Слични содржини