Екипата на Валенсија на гостувањето кај Елче синоќа триумфираше со 4:0 и ја оствари 18. победа во Примера по што се зацврсти на третото место на табелата, што обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

 liga-prvaka-300x225
Пет натпревари од 28.коло се играат денеска. Двојките се: Атлетико Мадрид – Хетафе, Рајо Ваљекано – Малага, Леванте – Селта Виго, Атлетик Билбао – Алмерија и Гранада – Еибар.
Неделната програма во најквалитетното шпанско фудбалско првенство ги нуди дуелите: Депортиво Ла Коруња – Еспањол, Виљареал – Севиља, Сосиедад – Кордобаи Барселона – Реал Мадрид.
Табела: Барселона 65 бодови, Реал Мадрид 64, Валенсија 60, Атлетико Мадрид 56, Севиља 52, Виљареал 49/MIA

Слични содржини