За жал нападот во Тунис покажува со каква закана е соочена Европа, Блискиот исток и Светот. Ова го изјави францускиот премиер Мануел Валс на прес конференција во Европската комисија.

manuelVals

Тој додаде дека во француското МНР во Париз кризниот штаб е во целосна готовност.

Валс вели дека во нападот има загинати и странци меѓу кои и туристи.

– Го осудуваме тој напад и даваме поддршка за туниската Влада, нагласи Валс.

– Ги следиме информациите од Тунис, рече претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер. – Има заложници и затоа засега се воздржуваме да кажеме повеќе, изјави тој.

Слични содржини