Ракометарите на Вардар продолжуваат со максимален ефект во Лигата на шампионите, откако синоќа  во СЦ „Јане Санански“ во Скопје убедливо го совладаа Рајн-Некар Левен со 25:19.

Vardar-Hamburg-11-CustomПо изедначеното прво полувреме и поголемиот дел од вториот дел, „црвено-црните“ мотивирани од одбраните на Петар Ангелов и бодрени од шестилјадната публика со фуриозен финиш во последните десет минути стигнаа до убедлив триумф.Ангелов бранеше нецело второ полувреме ја предводеше одбраната и запиша 10 одбрани, а во нападот најефикасни беа Алекс Душебаев со седум и Тимур Дибиров со шест погодоци.

 По само неколку минути игра потешко го повреди коленото играчот на Вардар Александр Деревен, кој го напушти теренот на носилки.
На другиот завршен дуел од 4.коло во Б групата Киелце – Кристианштад 35:27.
Вечерва играат Барселона – Монпеље, а утре колото ќе го комплетираат Колдинг и Пик Сегед.

Табела: Вардар 8 бодови, Киелце 5, Рајн Некар 5, Барселона 4, Пик Сегед 2, Монпеље 2, Кристианштад 2, Колдинг 0.

Слични содржини