По завршувањето на Ролан Гарос очекувано најголем скок на АТП листата направи новиот шампион Стан Вавринка, кој се проби на четвртото место.

Stanislas-Wawrinka_3071360

Финалистот Новак Ѓоковиќ остана на чело пред Рожер Федерер, додека деветкратниот освојувач на Ролан Гарос, Рафаел Надал по елиминацијата во четвртфиналето падна на 10.место.

Редослед на ТОП 10: Новак Ѓоковиќ 13.845 поени, Рожер Федерер 9.415, Енди Мареј 7.040, Стан Вавринка 5.835, Кеи Нишикори 5.570, Томаш Бердих 5.050, Давид Ферер 4.490, Милош Раониќ 4.440, Марин Чилиќ 3.460, Рафаел Надал 2.930.

Кај жените Серена Вилијамс ја потврди првата позиција, додека понатаму следат Петра Квитова, Симона Халеп, Марија Шарапова и Каролине Возниацки во првите пет.

Финалистката Луси Сафарова за првпат е меѓу првите 10 и се наоѓа на седмата позиција.

Слични содржини