Основно прашање денес е како Македонија може да помогне и како да се вклопи во европските напори и мерки за надминување на бегалската криза, а не како да постави жичена ограда на македонско-грчката граница, вели претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, по вчерашната изјава на министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

11245475_962557107096897_6444324677692567775_n

– Додека во Германија вчера беа соединети семејства на бегалците, сликата за Македонија ја „комплетираше“ употребата на сила над бегалците во калта на меѓуграничниот простор. Тоа ли е „хуманото“ лице на Македонија? Либералната партија прва го поздрави дополнителното распоредување на безбедносните сили на јужната граница, но оградувањето на границата е бесмислица. Затоа, министерот Попоски може да размислува за поставување жичена ограда околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а не на македонско-грчката граница – изјави Величковски по синоќешната седница на извршниот комитет на ЛП.

Величковски ги праша министерот и Владата кога почнале да ја разгледуваат ваквата опција, по чие овластување и по чија иницијатива, како и дали пржинските коалициони партнери се согласиле со ваквата евентуална мерка.

 

МЕТА

Слични содржини