Велика Сабота му претходи на големиот ден  Велигден

свењќи

Голема сабота е последниот ден од Страсната седмица, која му претходи на  Велигден. Тоа е и последниот ден кога  се бојадисуваат  јајца. Црквата ја  прославува Велика  саботата како “благословениот седми ден”. Бидејќи тоа е денот кога Словото Божјо лежи во гробот како мртов човек, но во исто време го спасува светот и ги отвора гробовите. Положен веќе во гробот, Духот на Исус е во пеколот, за да ги раскине оковите  и повторно да се отворат  рајските Двери. Ова ќе се случи на другиот ден – во неделата, наречена со најкраткото име – Велигден. Голема саботата црковното богослужение започнува во овој ден рано наутро и трае непрекинато до крајот на денот, па последните саботни  пеење се спојуваат со воскреснатите (недела) и до изговарањето на свеченото “Христос воскресна!”. Жените ги посетуваат гробовитеразддаваат  насликани јајца и леб за душите на мртвите. Обично во саботата се мачка и печат велигденски лебови. Голема саботата е и последниот ден во кој може да се насликаат јајца за Велигден. Празникот е поврзан со жалбата и погребот на Исус Христос од неговата мајка Света Богородица и од жени кои носат миро.

Гробот му е запечатен и пред него е поставена стража. Според обичајот на Евреите Јосиф и Никодим го симнале  пречистото тело Господово од крстот, го завитклале  во чаршафи  со мириси и го положиле во нов камен гроб во Јосифовата градина, која се наоѓала недалеку од Голгота. Првосвештениците и фарисеите знаеле дека Исус Христос е претскажал воскресението си. Не верувајќи претскажаното, а и плашејќи се  Апостолите да не го украдат  телото, молат од Пилат воена стража. Стражата е поставена  до гробот, а самиот гроб запечатуван. Но тоа за Господ  е минорно за големото воскресение  бечерта на полноќ пред новиот ден Велигден..

Традиционалната православна верзија ги опишува настаните поврзани со Велика сабота, наречена „Слегувањето во пеколот“.

На неа Христос ги држи за рацете Адам и Ева и речиси ги изнесува од местото на вечната тага. Искачувањето уште не е започнато, одеждата на Христа е како по брзо спуштање, тој е веќе симнат а неговата облека како да се спушта по него, Ова е точка на границата на почетокот, од неа оди нагор, од пеколот до Небесата. Христос се втурнува во адот, и разбиените порти на пеколот лежат под неговите нозе.

„Слегувањето во пеколот“ е приказ за тоа зошто Бог дошол на земјата и ја примил смртта. На фреската е претставен преломниот момент, мигновената средба на двете крајни спротивности, но заеднички според целта дејствија: почетната точка на Божественото потекло се покажува за првичната поткрепа на човековото искачување. „Бог стана човек, за човекот да стане бог“, е формулацијата на православното поимање на човекот. „Велигден“ и означува „премин“, избавување.

Во православието службата за Велика сабота сочувала редица карактеристики на ранохристијанската богослужба, специфики кои се опишани во спомениците од IV век. Во древните времиња, на овој ден се извршувало крштевањето на катихумените, луѓето воведени во тајните на верата и посветени во неа преку проповеди, а остатокот од денот бил исполнет со старозаветни чатења. На Велика сабота прво се служи утринската литургија, кон чиј крај Покровот (Плаштеницата) се носи околу храмот, носејќи ја до отворените царски двери и се враќа во „гробницата“ на средина од црквата.

Потоа започнува подготвителната за Вечерната богослужба, кога се читаат 15 паремии, старозаветните пророштва за страста, смртта и воскресението на Спасителот и за славата на новозаветната црква. Имено во времето на тие богослужби во Цариградските и Ерусалимските цркви се извршувало крштевањето на воведените во верата. За новопокрстените било наменето и апостолско четение (Рим.6 :. 3-11), кое се сочувало и во современата литургија на Велика сабота и потсетува дека „крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт“, мртви за гревот и живи во Бога.

Со читањето на Апостолите завршува погребалниот ден сабота, попладнето, и започнува претпразничното Свето Христово Воскресение.

Во старите времиња по завршувањето на саботната литургија оние што се молеле во очекување на велигденското утро не заминувале, и го благословувале лебот, кој се раздавал за нивно закрепнување а времето меѓу вечерната литургија на Велика сабота и Велигденското утро го исполнувале со читања на Делата на светите Апостоли. Сега, благословувањето на лебот и виното се врши веднаш по завршувањето на литургијата, а читањето на Делата во вечерните часови.

Во текот на Велика сабота, многу почесто порано, во храмовите обично се осветувала велигденската храна, како јајца, колачи…

Малку пред полноќ се служи полноќната литургија на која Покровот се внесува во олтарот и се полага на престолот. Велигденската Голема или Утринска е свечена литургија посветена на Христовото воскресение и започнува обично на полноќ.

Велика сабота е и ден на исчекувањето. Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за Големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал Божествената моќ.

На Велигден, верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Ваистина воскресе“.

Велика Сабота е ден на покојот. Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од петокот. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. На овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена и како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот

Слични содржини