Почетна / Актуелно / Венгер нема да смета на Жиру во новата сезона

Венгер нема да смета на Жиру во новата сезона

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер му ставил до знаење на Оливие Жиру дека нема да му биде потребен во новата сезона, пренесуваат британските медиуми.

Францускиот стручњак му рекол на Жиру да си бара нов клуб, а за негов ангажман е заинтересиран Вест Хем.

Останува да се види дали „чеканите“ ќе се сложат да ја платат сумата од 25 милиони евра на име обештетување за Жиру за предвремен раскин на договорот.

Жиру во Арсенал стигна во 2012 година. Измината сезона не се избори за првотимски статус и најчесто беше на клупата за резервни играчи.