Финалистката на Ролан Гарос од 2002 година Венус Вилијамс го заврши настапот на Гренд слем турнирот откако синоќа беше совладана од Слоу Стивенс со 2:0 во сетови (7:6 и 6:1).

 

VILIAMS

Мечот беше решен во тај-брекот од првиот сет кога Стивенс успеа да поведе добивајќи го тај брекот со 7:5 на поени.

Од фаворитките турнирот заврши и за Агнешка Радванска, која загуби од Германката Бек.

Пласман во второто коло од тенисерките кои конкурираат за завршницата изборија: Марија Шарапова, Викторија Азаренка, Сара Ерани, додека кај мажите тоа му успеа на Енди Мареј.

Денеска на Централниот терен ќе се појават првите носители во двете конкуренции Новак Ѓоковиќ (мажи) ќе игра против Јарко Ниеминен, додека Серена Вилијамс (жени) за противничка ја има Андреа Хлавачкова.

Пред нив меч ќе одигра и актуелниот шампион на Ролан Гарос, Рафаел Надал против Куентин Алис./МИА

Слични содржини