Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими не е уверен дека првичната иницијатива на ЕУ за решавање на политичката криза во Македонија преку европратеничка „тројка“ ќе даде резултат. Резервата околу овој обид на Брисел Бесими го изнесе во синоќешното издание на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М. Неговата проценка е дека ќе има потреба од европско ангажирање на повисоко политичко ниво.

„Во оваа фаза тие (европските институции) сметаат дека го направиле првиот чекор и во оваа фаза, на ова ниво, треба да има реакција за да покажат двете страни дека се заинтересирани да изнајдат решение. Јас исто така мислам дека ова е многу важен чекор што го направил Брисел и исто така мислам дека треба да има позитивна реакција од факторите кои се инволвирани во овој случај, политичките фактори, со цел да дадеме позитивен сигнал, а самиот сметам дека ова може да не биде доволно за да се реши целата оваа ситуација, бидејќи е важно во овој процес да има поголемо ниво на политичко вклучување, односно директно вклучување на политичките лидери, кое сега веќе во овие фази е моето лично убедување, но и став на нашиот политички субјект, ДУИ, во оваа фаза за да се случи некаков конструктивен дијалог и за да се изнајде излез од ваквата ситуација, има потреба од олеснување, па може да го наречеме и посредување од Европската унија со цел да го направи возможен овој дијалог. Ова е од аспект на интервенцијата што сметаме дека треба да биде итна“ – изјави Бесими.

Погледнете го новото издание на „360 степени“ во кое покрај Бесими за прашањето на каков начин и колку длабоко треба и ќе се ангажира Брисел во решавањето на политичката криза во Македонија дебатираше и Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

Слични содржини