(ВИДЕО) 360˚ Заев: Верувам дека Албанците и понатаму ќе гласаат за СДСМ, а за првпат и гласачите Македонци ќе гласаат за кандидати Албанци

од desk2

Во интервјуто за „360 Степени“ дадено од Њујорк, премиерот Зоран Заев зборуваше за дилемата, дали гласачите Албанци се уште ќе гласаат за СДСМ, по одлуката за соработка со ДУИ?

– Да. Јас верувам дека ќе гласаат заради тоа што тоа се избори на личност, избори на програми, а после тоа се партиите. Верувам дека ќе не гласаат секаде каде што имаме и наши кандидати. Јас реков, ние веќе многу одамна не ги делиме гласачите на гласови албански, македонски, ромски, турски, тоа се гласачи за граѓани.

Првпат во Македонија ќе има и гласање од страна на Македонци за албански кандидати. Тоа е поддршката која ќе ја дадеме веројатно и во Кичево. И таму размислуваме да дадеме директно поддршка. Тоа штабот го анализира. Тоа е убав квалитатив во Македонија, да гласаме за граѓани, за имиња и презимиња, за програми, тоа е иднината на секоја земја, па така и на нашата земја. Јас верувам дека во еден ваков концепт воспоставуваме една долгорочна соработка, која и тоа како ќе биде од корист исклучиво на граѓаните – рече Заев.

Слични содржини