Нема преживеани во несреќата на авионот Ебас А 320 на компанијата Џерман Винг, кој денеска се урна во Јужна Франција, изјави денеска францускиот министер за сообраќај, Ален Видали.

– Повикот за пружење помош е снимен во 10.47 часот. Врз основа на тој сигнал е утврдено дека авионот се наоѓал на височина од пет илјади стапки во ненормална ситуација , рече Видали, дополнувајќи дека авионот набрзо потоа и паднал.

Авионот летал од Барселона до Дизелдорф, а се урна во Француските Алпи меѓу општините Дин и Барселонет, сто километри северно од Ница.

Шпанскиот вицепремиер Сораја Сајенс де Санта Марија изјави дека 45 од патниците најверојатно биле Шпанци.

Image_4674773_126

Претходно и францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека во несреќата нема преживеани и оти меѓу жртвите има многу Германци. Тој дополни дека најверојатно меѓу загинатите нема Французи, туку биле Шпанци, Германци и Турци.

Локалните власти ја обезбедија гимназиската сала и ходниците на училиштето во малото населено место Сен лез Алп, на околу 10 километри од локацијата каде е пронајден урнатиот авион „Ербас 320“ во Франција , за да можат да бидат донесени телата на загинатите, јави Си-Ен-Ен.

Над Сен лез Алп постојано прелетуваат хеликоптери кои го носат телата на жртвите. Во авионот на авиокомпанијата „Герман вингс“ имало 150 патници, односно 142 патници и 6 членови на екипажот. Шпанските власти соопштија дека група од 20 германски дечиња на училишна возраст патувале со урнатиот „Ербас А320“. Причините за несреќата засега е непозната.

Слични содржини