(ВИДЕО) Ховит: Изборите се можност за промени

од Vladimir Zorba

_80955102_3d00b86c-d5db-4e13-a3a7-0dcba361b11b

Британскиот европратеник Ричард Ховит пред да го напушти Европскиот парламент, во прошталната посета на Македонија им порача на граѓаните дека на 11 декември имаат можност за промена, а од клучно значење е Специјалното обвинителство да ја заврши својата работа со расчистување на криминалите од прислушуваните разговори, информира Телма.
Ховит ја посетил и обвинителката Катица Јанева, а на твитер напиша и дека бил во просторијата со силно обезбедување во која се чуваат материјалите од прислушувањата.
Тој смета дека сериозно треба да се разгледа предлогот на невладиниот сектор за формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за овие случаи, како и итно да се донесат законските измени за заштитени сведоци, кои се подготвени уште од април.
Ховит е разочаран од можноста Уставниот суд да го укине СЈО, како и од политичката клима во која работи.

„ Парламентарците имаат право да критикуваат, тие ја имаат таа слобода, тоа е дел од демократијата. Одговорност е на Владата и на владејачката партија да ги исполнат своите заложби од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на Специјалното обвинителство. Владејачката партија не смее да им дозволи на своите претставници да ја загрозуваат работата на СЈО,“ изјави Ховит.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини