(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ ја пее „Луцкаста си ти“ на селска свадба во Србија

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ запеа српски народни песни со другарите на селска свадба. Светскиот број еден во тенисот се појави на прослава во својата татковина, а точната локација не е позната.bdbb38ad6c9ee6812e98f0c5f578c607

Од видеото на интернет се гледа дека Новак најверојатно е или кум, или старосват на предметната свадба и дефинитивно е еден од најентузијастички сватови.

Спортската ѕвезда пее популарна народна песна на Мирослав Илиќ, која се вика “Луцкаста си ти”.

Во текстот се пее: “Ти си глупава, но и јас исто така, драга, затоа што се заљубив во тебе.”

Ѓоковиќ претрпе серија на разочарувања на тенискортот во оваа сезона, откако отпадна порано од турнирот “Вимблдон” и на Олимпијадата во Рио.

https://www.youtube.com/watch?v=dXDNQ9XvDlc

Слични содржини