Учениците од СУГС „Орце Николов“, денеска пред училиштето мирно протестираа против новите правила за полагање матурски испит кои предвидуваат задолжително полагање математика-информира А1он.

Држеа листови на кои пишува: „Преку матурава ми е“. Тие го искажаа својот револт и против лажните плакати, според кои средношколци зеле 10 илјади денари за да организираат протест.

– Ние се собравмме овде за да го искажеме ставот дека сме против новиот концепт на матура, Да си го искажеме својот револт за тоа што сега се случува. Ние во “Орце“ сите сме едно и го го покажуваме нашиот револт. Ова не е протест, ова не е бојкот на настава, ние сакаме да си кажеме то мислиме. Ние не сме само против математика, ние сме против новиот концепт на матура. Како реформа е избрзана бидејќи ние како средношколци не можеме да ја постигнеме имплементацијата. И за електронското тестирање, каде 7 пати не’ тераат да полагаме и за математиката за чие полагање треба долго време за подготовки, а ова брзо донесување значи дека нема да имаме време за подготовка, вели ученик од “Орце Николов“.

Матурантите се жалат дека новите измени за полагање матурски испит се дополнителен стрес.

Повеќе ТУКА

Слични содржини