Властите во Тунис објавија видео снимка од надзорна камера која покажува како напаѓачите вооружени со калашникови оделе по ходникои и по собите во Музејот Бардо во Тунис, и во средата при нападот убија над 20 лица.

Видеото прикажува двајца мажи како оделе тивко со оружјето во нивните раце во една од салите, а потоа се прикажани и нивните мртви тела.

Двајца од напаѓачите биле идентификувани како средношколка Jabeur Khachnaoui од провинцијата Kasserine и 27-годишниот Yassine Laabidi.

Одговорноста за нападот била преземена од страна на група на Исламска држава.

Слични содржини