На ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ им одговара непрочистен Избирачки список, затоа што ако се прочисти нема да може да гласаат мртвите, затоа што ќе бидат најдени и санкционирани фантомските згради и затоа што нема да дозволиме Македонија да стане Пустец, рече за А1он заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

radmilasekerinska

– Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ мислат дека народот ги сака, тие десет пати досега ќе го прочистеа Избирачкиот список и ќе обезбедеа слободни медиуми во Македонија. Фактот дека бегаат и од едното и од другото кажува дека само на криминални избори сакаат да учествуваат. Нашиот приоритет е јасен, не сакаме ништо повеќе и ништо помалку од фер натпревар, тоа занчи избирачки список кој ќе биде проверен и тоа значи медиумски правила кои ќе дадат еднаква шанса на сите. Медиуми кои што ќе значат дека граѓаните ја носат својата одлука врз база на податоци, врз база на факти, врз база на еднаков пристап на сите во медиумите, рече Шекеринска.

Според неа, прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од јули минатата година до денеска го влечеле процесот на преговори само за Избирачкиот список да остане непрочистен./ А1он

https://www.youtube.com/watch?v=Al2sSbuPLjQ

Слични содржини