Како претседател на Анкетната комисија за незаконското прислушување упатив писмо до Никола Груевски, во среда, 20-ти јануари да се појави на седница на Комисијата и да сведочи.

Дополнително, упатив писмо и до Трајко Велјаноски да не закажува пленарна седница, за да може да биде исполнет условот, седницата на Анкетната комисија, кога ќе сведочи Никола Груевски, да се пренесува во живо на Собранискиот канал.

-јавно-да-сведочи-пред-Анкетната-комисија

Само на овој начин се создаваат услови Анкетната комисија за незаконското прислушување да продолжи со работа, откако беше блокирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста знае дека Никола Груевски и ВРМО-ДПМНЕ најголем проблем имаат со вистината и со правдата. Но, успешната работа на Анкетната комисија за незаконското прислушување е обврска од Договорот од Пржино што мора да биде спроведена во целост.

Катица Јанева бара поголема надлежност врз заштитените сведоци

За криминалот и корупцијата на власта во изминатите 10 години граѓаните очекуваат одговори и одговорност а не тајни сослушувања, скриени од очите на јавноста.

Наместо да се крие зад затворени врати и да бега од граѓаните, Никола Груевски има обврска да дојде на јавна седница и да одговори на сите прашања.

Слични содржини