„ Сега ќе нѐ слушнете“ скандираат студентите и средношколците. Илјадници лица стигнаа пред Министерството за образование, на третиот најмасовен средношколски марш поради лошите образовни реформи.


„Сведоци сме дека овие три недели си имавме рабора со полтрони. Студентите застанаа на браникот на поддршката и солидарноста. Нема квалитетно високо образование без квалитетно средно образование. Свесен ли сте министере дека нѐ бркате од сопствената земја“, порачаа говорниците од редот на средношколците и студентите пред МОН.

На двете реки студенти и средношколци им се придружија нивните наставници, родители и професори, но и граѓани кои ја поддржуваат каузата и борбата на учениците.

Додека се држат говорите, МОН е под силно полициско обезбедување, како надвор, така и внатре./ Видео Нова ТВ

Слични содржини