Над 12 000 средношколци во Скопје ја бојкотираат наставата, соопшти Средношколски пленум. Со цел да се добијат поточни информации за тоа во кои средни училишта во Македонија се бојкотира наставата, од Пленумот објавија интерактивна мапа.

На неа се прикажани скопските средни училишта во кои има бојкот. Но, мапата може да ја ажурира секој ученик, со тоа што ќе ја најде својата општина и средното училиште. Црвеното значи дека се одржува бојкот, а жолтото означува дека нема бојкот на настава.

Средношколскиот Пленум од 8 скопски средни училишта и од училиштата во Тетово и Куманово, попладнево ја изгласале одлуката да продолжат со бојкотот.

Бојкотот на наставата го презедовме како најрадикална мерка пред се’ поради игноратскиот однос на Министерството за образование и наука. И покрај тоа што во два наврати ги доставивме нашите барања и не добивме никаков одговор. И протестните маршеви во повеќе градови не претставуваа доволен мотив Министерството да се изјасни за нашите барања и да не’ повика на средба. Како средношколци загрижени сме заради избрзаните реформи што допринесуваат за намалување на квалитетот на целиот образовен процес, вели претставник на Средношколскиот пленум од “Ѓорѓи Димитров“

Денеска и средношколците од Земјоделското училиште од македонски наставен јазик во Тетово , револтот од реформите во образование, го искажаа со протест во училишниот двор а дел  маршираа по градските улици, учениците од останатите училишта ја бојкотираат наставата. Учениците велат, дека биле спречени да излезат во холот на училиштето, поради тоа одлучиле наставата да ја бојкотираат во училниците.

 

Видео: А1он

Слични содржини