(ВИДЕО) Заев: Вељаноски што побрзо да му се јави на Џафери и да му ја предаде функцијата

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го повика Трајко Вељаноски до вторник да му го предаде кабинетот на Талат Џафери, а претседателот Ѓорѓе Иванов за десет дена мандатот за да формира влада.

Во емисијата „Топ тема“ на Телма Заев истакна дека СДСМ и досега барала мирни начини за решавање на проблемите и дека веруваат дека исто така ќе се реши и овој.

 „Без насилство, со трпение и присебност. Јас би сакал утре, иако е сабота, Трајко Вељаноски да му се јави на Талат Џафери и да изврши примопредавање на функцијата претседател на Собранието. Но, веројатно ова ќе се случи во вторник. Мора да се случи. Оставивме 31 ден. Знаеја дека мнозинството ќе се обиде да избере претседател. На крајот го направивме тоа мирно, спокојно, никого не провоциравме. Па 11 години сме во опозиција, сега имаме парламентарно мнозинство и мора да формираме влада. Граѓаните не можат да чекаат“, рече Заев.

Според него, за вчерашните насилства во Парламентот виновни се ВМРО-ДПМНЕ, а не тие и посочи дека насилства се случиле заради тоа што полицијата била должна да го заштити парламентот и пратениците, но за жал тоа не го сторила.

Макфакс

Слични содржини